Дома Фудбал Англија Мурињо атакува на фудбалерот на Борусија, неизвесно е пристигнувањето на Матиќ

Мурињо атакува на фудбалерот на Борусија, неизвесно е пристигнувањето на Матиќ

Како што пренесуваат британските медиуми, Манчестер Јунајтед има нов приоритет.

Жозе Мурињо се обидува да го врати Манчестер Јунајтед на патеката на старата слава, а за тоа дефинитивно ќе му бидат потребни неколку квалитетни засилувања.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Засега е ангажиран само стоперот на Бенфика, Виктор Линделоф, па сега е ориентиран кон засилувања во редот за врска и нападот.

Што се однесува до самото „срце“ на средната линија, неколку играчи се доведуваа во прашање за премин на „Олд Трафорд“. Најпрво тоа беше Ерик Дајер од Тотенхем, па Бразилецот, Фабињо од редовите на Монако, а потоа се појави и информација која говореше дека Мурињо би можел да соработува со Немања Матиќ.

Сепак, изгледа дека сето тоа доби нов лик, откако судејќи по пишувањата на англиските медиуми на Мурињо поприоритетно му е засилувањето од редовите на Борусија Дортмунд.

Во прашање е Јулијан Вајгл, кој експлодира во редовите на „Милионерите“ изминатите две сезони. Тоа сепак, не значи дека „Ѓаволите“ кренале раце од српскиот интернационалец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…