Дома Фудбал Останато Му дадоја гол на Јувентус, а потоа пред Роналдо ја имитираа неговата прослава на гол и викаа „сиуу“

Му дадоја гол на Јувентус, а потоа пред Роналдо ја имитираа неговата прослава на гол и викаа „сиуу“

Фудбалерите на Јувентус вчера во Сеул одиграа пријателски натпревар против најдобриот тим од К-Лигата од Јужна Кореја.

Јуве одигра прилично со резервен состав, бидејќи Маурицио Сари одлучи да ги одмори најголемите ѕвезди, а меѓу нив беше и Роналдо. На крајот видовме шест гола, а резултатот беше 3:3. Навивачите на стадионот беа лути што Роналдо не одигра ниту минута, бидјеќи многумина на стадионот дошле да го видат него. Во некои моменти му свиркаа на Сари и бараа да го стави Роналдо во игра, но тоа не се случи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, неверојатна работа се случи во 45. минута кога тимот од најдобрите играчи во К-Лигата поведе со 2:1. Голот го постигна Чесина, а играчите голот го прославија како Роналдо и викаа „СИУУУ“ и покажаа кон Роналдо. На овој начин Чесина се „поклони“ на Роналдо, а на полувремето од својот идол го бараше дресот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историска победа, Македонија оди на Светско првенство

Македонија вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ успеа да ги надполни седумте голови негатива о…