Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Моќниот Бразил лесно до четвртфинале

Моќниот Бразил лесно до четвртфинале

Бразил уште еднаш покажа зошто е еден од најголемите фаворити на Мундијалот и лесно избори пласман во четвртфиналето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Кариоките“ немаа проблем против Јужна Кореја и ја завршија работата за едно полувреме, откако постигнаа четири гола.

Резултатот го отвори Винисиус, а само неколку минути подоцна Нејмар беше прецизен од белата точка за 2:0.

Потоа следуваше прекрасна акција која со гол ја заврши Ричарлисон, а неколу минути подоцна Пакета зголеми на 4:0.

Во вториот дел Бразил го намали темпото, но повторно создаде неколку одлични шанси преку Рафиња, кој не успеа да постигне гол.

Јужна Кореја постигна почесен гол преку Сеунг-Хо во 76-та минута, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед најде голман во друг англиски клуб?

Манчестер Јунајтед ова лето ќе се насочи не само кон големи засилувања за првиот тим, туку…