Дома Фудбал Италија Морати: Киелини ме разочара, жал ми е за Балотели

Морати: Киелини ме разочара, жал ми е за Балотели

И понатаму познатите имиња во Италија реагираат на изјавата на Џорџо Киелини кој зборуваше за Марио Балотели и Фелипе Мело.

За Киелини, Мело и Балотели се најлошите личности помеѓу фудбалерите. И Мело и Балотели секако му одговорија на стоперот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последен кој реагираше на изјавата на Киелини беше поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати. Морати е изненаден и истакна дека не очекувал такво нешто од Киелини.

„Бев разочаран кога слушнав што кажал затоа што Киелини ми се допаѓа како играч и човек. Тој интелигентен, она што го направи ме изненади. Жал ми е за Балотели затоа што многу често е третиран на лош начин“, изјави Морати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ВИДЕО Навивачите истрчаа на теренот и започнаа лудо славје. Потоа останаа шокирани со гол во 95-та

Голема борба за влез во првата лига се води во Холандија. Враќање во елитното друштво обез…