Дома Фудбал Италија Мончи ја напушта Рома, следна дестинација – Лондон

Мончи ја напушта Рома, следна дестинација – Лондон

Мончи после Севиља и Рома најверојатно кариерата како спортски директор ќе ја продолжи во Арсенал.

Калчомеркато објави дека лондонски Арсенал набрзо ќе го именува Мончи за свој спортски директор.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


50-годишниот Италијанец инаку е добар пријател со Емери со кој работеше во Севиља, а веројатно сега ќе соработуваат и на Емирати од наредната сезона.

Мончи за два милиони фунти оштета ќе ја напушти Рома и ќе премине во Арсенал. Иако во минатото имаше неколку добри трансфери, во Рома не се прослави најдобро.

Поранешниот голман претходно ги откри Иван Ракитиќ, Серхио Рамос, Дани Алвес…

Останува да видиме колку Мончи може да допринесе во Арсенал, кој секако ќе биде во ситуација да ги бира новите засилувања и да открива врвни играчи за Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Кога дојде Милевски го сменија и шоферот затоа што бил од времето на Мрме“

Бобан Николов кој одреден период не добива повик во репрезентацијата на Македонија беше го…