Дома Фудбал Монтела ќе пазари на „Сантијаго Бернабеу“…

Монтела ќе пазари на „Сантијаго Бернабеу“…

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Севиља е заинтересирана за услугите на 23-годишниот играч за врска на мадридски Реал, Марко Љоренте.

Екипата на Севиља изминатата година се обиде да го донесе младиот шпанец во своите редови, но не успеаа да се договорат со Мадриѓаните.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Зидан одлучи да го задржи Љоренте, како алтернатива за Каземиро, но Шпанецот не играше баш многу оваа сезона.

Севиља така повторно е заинтересирана да го пресели во своите редови, ќе се обидат да се договорат со Реал ова лето, но и овојпат таа задача нема да биде лесна.

Како што се наведува за Љоренте е заинтересиран и Реал Сосиједад, како и Ајнтрахт од Франкфурт, кој има добри односи со „кралскиот клуб“.

Извесно е дека Љоренте ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, на излезна врата се и младиот Хакими, Ваљехо, Мајор и Себаљос, со оглед на тоа дека претседателот на Реал, Флорентино Перез планира големи промени, поради слабите резултат на екипата во тековната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србите не го чекаа исходот од ЕП – Пикси доби нов договор!

Драган Стојковиќ Пикси потпиша нов договор со Фудбалскиот сојуз на Србија и ќе остане селе…