Дома Фудбал Монтела за Анчелоти: Ако сака, може да ми биде помошник

Монтела за Анчелоти: Ако сака, може да ми биде помошник

Тренерот на Милан, Винченцо Монтела се пошегува на гласините дека наскоро на клупата на „росонерите“ ќе биде заменет од страна на Карло Анчелоти.

Анчелоти вчера доби отказ од Баерн Минхен и сега е слободен, а „Газета дело Спорт“ тврди дека раководството на Милан веќе ги направило првите контакти.

Анчелоти е легенда на Милан и не ја крие својата љубов кон „росонерите“, па поради тоа често се поврзува со враќање на „Сан Сиро“.

Меѓутоа, Монтела не се грижи за своето работно место и на интересен начин ги прокоментира гласините.

„Анчелоти е личност која многу ја почитувам. Тој беше човекот со кого прв разговарав на почетокот на мојата тренерска кариера. Карло тогаш работеше во Челси и ми понуди да му бидам негов помошник. Сега, ако сака да се врати во Милан, може да биде мој помошник“, низ смеа прокоментира Монтела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри бара одговор од Наполи: Рома доаѓа во налет, но ова не е последната битка

Наполи го пречекува непоразениот тим на Гасперини по поразот од Венеција. Алегри бара подо…