Евертон претходното лето од Јувентус го купи Моис Кин, момчето од кое се очекуваше многу во сезоната која моментално е прекината.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, Кин не ги оправда очекувањата, а се чини дека после само една сезона ќе го напушти Евертон.
Италијанецот постигна само еден погодок и запиша две асистенции, а Анчелоти веќе одлучил да го продаде.
Англиските медиуми пишуваат дека најголем интерес за него покажува Интер, кој во него гледа идеална замена за Мартинез.
Анчелоти од друга страна сака од продажбата да заработи дополнителни финансии кои ќе ги искористи за реконструкција во одбраната.