Дома Фудбал Модриќ направи споредба помеѓу Мурињо и Анчелоти

Модриќ направи споредба помеѓу Мурињо и Анчелоти

Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ во опширно интервју за „Марка“ направи споредба помеѓу двата врвни тренери, Жозе Муруњо и Карло Анчелоти.

Модриќ пристигна во Реал во 2012 година на барање на Жозе Мурињо, но тврди дека воспоставил подобар личен однос со Карло Анчелоти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мурињо беше клучен за мојот трансфер во Мадрид. Штета што соработувавме само една година, бидејќи тој е одличен тренер, неговата кариера зборува доволно за него. Секогаш ќе му бидам благодарен. Има тежок карактер, но секогаш е искрен, мене тоа ми се допаѓа“, изјави Модриќ, а потоа го опиша Анчелоти.

„Анчелоти е спектакуларен тренер, а како личност е уште подобар. Со него имавме две успешни сезони, ја освоивме Лигата на шампионите, го освоивме Купот, игравме убав фудбал. Добро се согласувавме, често разговаравме на телефон и ден денес“, откри Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона има две главни мети за летниот преоден рок

Во Барселона по неуспешната сезона размислуваат за засилувањата за следната сезона и веќе …