Лука Модриќ ја игра последната сезона во Реал Мадрид, но не планира да се пензионира.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Модриќ ова лето остана во Реал Мадрид, но повеќе не е недопирлив во тимот на „кралевите“, а силен интреес за него покажуваат клубовите од Саудиска Арабија.
„Модриќ веќе имаше многу сомнежи пред да го продолжи договорот. Имаше понуда од Саудиска Арабија, но сакаше да игра на врвно ниво уште една година. Сепак, не очекуваше дека ќе има споредна улога во тимот“, пишува „Спорт“.
38-годишниот Модриќ во наредните месеци ќе одлучи дали ќе прифати понуда од некој европски клуб или ќе замине во Саудиска Арабија..