Дома Фудбал Италија „Многу го мразам Јувентус!“

„Многу го мразам Јувентус!“

Јувентус можеби е најуспешниот и најпопуларниот италијански клуб, но исто така е многу омразен од навивачите и фудбалерите.

Марко Матераци кој поголем дел од својата кариера ја помина во Интер отворено призна дека ја мрази Старата дама, во спортска смисла.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во последното коло во сезона 2001/02 Интер влезе како првопласирана екипа во Серија А, но тој 5. мај Нероаѕурите изгубија на Олимпико од Лацио со 4:2, додека Јуве го победи Удинесе со 0:2 и го освои Скудето.

„Многу го мразам Јувентус од спортски агол. Да можам, би сакал повторно да го одиграм натпреварот од 5. мај.“ – изјави Матераци во текот на разговорот на Инстаграм со Себастијан Фреј.

Неколку години подоцна Матераци, кој во кариерата играше и за Перуџа, Евертон и Трапани, со Интер успеа да ја освои фамозната тројна круна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На натпреварот помеѓу Интер и Торино во Серија А се испиша историја

На денешниот натпревар помеѓу Интер и Торино кој започна со почеток во 12:30 часот беше ис…