Дома Македонски спорт Младите каратисти пристигнаа на СП во Чиле

Младите каратисти пристигнаа на СП во Чиле

Репрезентацијата на Македонија пристигнаа во Сантјаго, Чиле каде ќе настапат на XI Светското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21 кое ќе се одржи од 23 до 27 октомври.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На истиот ќе настпат нашите каратистите во борби во состав: Бојан Костов, кумите машки, кадет -52 кг., Фахик Весели, кумите машки, У21 -67 кг., Доан Османи, кумите машки, У21 -75 кг. Вероника Костовска, кумите женски, У21 -61 кг., Ангела Мојсовска, кумите женски, У21 -68 кг. како и натпреварувачите во кати машки Александар Неделковски и ката женски Владанка Аврамова.

 Иститте се предводени од нивните тренери-селектори на државната репрезентација Александар Кузмановски и Арлинд Хусеини како и селекторот-тренер на државната репрезентација во кати Ивана Аврамова.

На ова Светско првенство ќе настапат вкупно 1557 натпреварувачи од 96 земји

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …