Дома Трансфер зона Младиот напаѓач на Монако пред трансфер на „Сан Сиро“

Младиот напаѓач на Монако пред трансфер на „Сан Сиро“

Милан ќе биде многу активен во последните денови од трансфер пазарот и се очекува во текот на неделата да комплетира два трансфери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Преговорите со Челзи за трансфер на Бакајоко се во завршна фаза, а на „Сан Сиро“ треба да пристигне и италијанскиот напаѓач од Монако, Петро Пелегри.

Пелегри беше посочуван како најголема надеж на италијанскиот фудбал и стана најмлад стрелец во историјата на Серија А, а потоа направи трансфер во Монако за 25 милиони евра.

Меѓутоа, во „кнежевството“ не се снајде најдобро, па сега Милан ќе го врати во Италија 20-годишниот напаѓач.

Постигнат е договор за едногодишна позајмица од 1 милион евра, а „росонерите“ следното лето ќе можат да го откупат за 6 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…