Денес беше извлечена ждрепката за прелиминираната рунда во младинската Лига на шампионите во која прилепска Победа за противник го доби Колерајн од Северна Ирска.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Првиот натпревар Победа ќе го игра на гостински терен на 14. септември, а реваншот е закажан за 5. октомври во Скопје.




За Победа ова е прв настап во едно вакво европско натпреварување откако станаа шампиони на Македонија во младинска конкуренција.




Победникот од двомечот помеѓу Победа и Колерајн ќе оди на дуел со Генк од Белгија или Славија Прага од Чешка.