Дома Топ вести Младата ѕвезда на „кралевите“ со закана до управата: Ако го доведете Азар јас си заминувам!

Младата ѕвезда на „кралевите“ со закана до управата: Ако го доведете Азар јас си заминувам!

Наводно Реал Мадрид преговара со Еден Азар, а за ова според англиските медиуми се информирани и фудбалерите на овој клуб.

Според сегашната ситуација, Еден Азар се наоѓа на мета на Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгиецот оваа сезона игра одлично во Премиер лигата, постигнува голови и им задава големи главоболки на противничките одбрани и „кралевите“ секако дека би сакале да имаат таков фудбалер во своите редови.

Тоа секако ќе оди тешко имајќи ја предвид моќта на Челзи, а прашање е и дали тоа го сака Азар. Одредени медиуми пишуваат дека Белгиецот преговара со Реал Мадрид, но и дека ова налутило еден фудбалер на овој тим.

Станува збор за Марко Асенсио (21) младиот фудбалер кој дури наводно и ја известил управата дека сака да замине доколку во клубот пристигне Еден Азар.

mail

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…