Дома Фудбал Италија Михајловиќ го менува пријателот Манчини во Зенит

Михајловиќ го менува пријателот Манчини во Зенит

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ, кој моментално е без ангажман после отказот во Торино би можел од лето да се пресели во Русија.

Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека Михајловиќ е прв кандидат за кормилото на Зенит како замена за Роберто Манчини.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Манчини на крајот на сезоната ќе го напушти рускиот клуб и ќе ја преземе италијанската репрезентација, а на негово место би можел да седне Михајловиќ.

Србинот наводно веќе започнал преговори со рускиот клуб и двете страни се блиску до договор.
Михајловиќ во клупската кариера до сега работеше само во италијански клубови и тоа Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Торино. Притоа, му беше помошник на Манчини во Интер и во еден период ја предодеше српската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…