Македонскиот репрезентативец во дресот на бундслигашот Вецлар Филип Миркуловски во новата сезона ќе има и нова улога во својата екипа. Тој ќе биде новиот капитен на тимот.

Својот прв натпревар како капитен Миркуловски ќе го има денеска попладне, а неговиот тим во рамките на 1.коло на германскиот куп гостува кај Гросвалштат.

Миркуловски капитенската лента ја има носено и во времето додека беше во редовите на Металург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Лазаров: Никој не може да ми го оспори тоа што го направив за македонскиот ракомет

Тренерот на Алкалоид и селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, е…