Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио објави дека Болоња покажала интерес за македонскиот напаѓач Бојан Миовски.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ди Марцио пренесува дека во периодот кој следи треба да се случи конкретни потези за ангажманот на Миовски.
Болоња зад себе има историска сезона во која обезбеди место во Лигата на шампионите, па така трансфер во овој клуб би значел и настап на Миовски во елитното натпреварување.
Во новата сезона Болоња ќе биде предводена од Винченцо Италијано кој го наследи Тијаго Мота на клупата.