Пол Погба најверојатно ја игра последната сезона во Манчестер Јунајтед и се погласни се шпекулациите дека може да се врати во Јувентус на лето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Погба и минатото лето беше на излезна врата, а сега „црвените ѓаволи“ нема да му стојат на патот и се спремни да го пуштат.
Полседните информации од Островот се дека Солскјер сака да ја искористи ситуацијата и да го донесе еден од најдобрите млади дефанзивци во Европа.
Имено, Манчестер Јунајтед е спремен да го испрати Погба во Торино и за возврат да го добие Матијас де Лихт.
Двајцата фудбалери имаат ист менаџер, Мино Раиола, но тешко е да се поверува сека „бјанконерите“ ќе се откажат од младиот дефанзивец за кого пред една година платија 75 милиони евра.
Ваквата трампа му одговара на Раиола бидејќи ќе добие голема провизија, па не е исклучено супер-агентот да го исфорсира двојниот трансфер.