Дома Фудбал Италија Минатата сезона играа во Серија А, а сега се на пат кон трета лига: Навивачите се заканија со свинска глава

Минатата сезона играа во Серија А, а сега се на пат кон трета лига: Навивачите се заканија со свинска глава

Италијанска Специја поминува низ голема резултатска криза, минатата сезона испаднаа од елитниот ранг на италијанскиот фудбал, а сезонава изгледаат како кандидати за Серија Ц.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По 13 кола тие се на 18-то место на табелата во Серија Б со само една победа.

Најжестоките фанови навивачи на овој клуб поради таквата форма се одлучија на еден радикален протест. Пред влезот на просториите на управата тие оставиле свинска глава со транспарент: Времето истече!

Првата жртва на лошите резултати беше тренерот Масимилијано Алвини кој доби отказ и него го наследи Лука Д’Анџело, но навивачите како главни виновници ги гледаат луѓето кои ја водат Специја.

По ремито на домашен терен против Тернана во минатото коло дел од навивачите се обиделе да ги нападнат членовите на управата и јасно е дека пред Специја ако нешто не се промени има црни денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познато е кој ќе го замени Пеп Гвардиола на клупата на Сити

Бомбата од Манчестер одекна низ фудбалска Европа! Според ексклузивните информации на водеч…