Дома Трансфер зона Милинковиќ-Савиќ го напушта Лацио во трансфер од 150 милиони евра?

Милинковиќ-Савиќ го напушта Лацио во трансфер од 150 милиони евра?

Неколку години наназад српскиот репрезентативец, Сергеј Милинковиќ-Савиќ е на излезена врата од Лацио, но тој најверојатно најмногу поради првиот човек Клаудио Лотито се уште е играч на небесносините.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Лотито бара огромна сума и не попушта, не сека ниту да преговара за понуда од под 100 милиони евра. Но, сега Савиќ влегува во последната година од договорот и Лотито би можел да попушти.

Во претходните денови се шпекулираше дека Јувентус ќе испрати понуда вредна 40 милиони евра, меѓутоа сега на вратата на клубот од Рим тропнале и пребогатите Саудијци. Клубот кој ќе веќе ги доведе Калид Кулибали и Рубен Невеш, Ал Хилал наводно е спремен да плати и до 150 милиони евра.

Нема дилеми дека Лотито ќе ја прифати таа понуда ако навистина ја доби. Сепак, прашање е колку желба Савиќ има да се пресели во Саудиска Арабија на 28 години. Но, со оглед на тоа што се случува во последниот период и не би било преголемо изненадување и да ја прифати понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…