Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски: Ја добивме најтешката можна група

Милевски: Ја добивме најтешката можна група

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, рече дека групата од квалификациите за ЕП 2024 е предизвик и дека е најтешката во квалификациите.

Ждрепката во Франкфурт одлучи Македонија да биде дел од групата Ц заедно со Англија, Италија, Украина и Малта.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Фудбалски предизвик за сите нас. Ја добивме најтешката можна група. Веројатно и сами да биравме, посилни противници немаше да можевме да избереме. Но, ние веќе се навикнавме на ваква среќа. Ги добивме финалистите од последното Европско првенство и апсолутни фаворити за првите две места во групата“.

„Се разбира дека ќе ја бараме нашата шанса и ќе се обидеме да останеме конкурентни до самиот крај, а објективните околности ќе покажат дали може да се надеваме на висок пласман. Групата е пеколно тешка, а такви ќе бидат и натпреварите. Наше е да веруваме во себе”, изјави Милевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Новиот селектор на одбојкарите дебитира вечерва во Европската златна лига

Вечерва одбојкарската репрезентација на Македонија ја започнува Европската златна лига кој…