Дома Македонски спорт Милевски: Штета е што нема да играме барем плеј-оф за ЕВРО, но треба да сме горди на овие момци

Милевски: Штета е што нема да играме барем плеј-оф за ЕВРО, но треба да сме горди на овие момци

Репрезентацијата до 21 година на Македонија денес славеше со 2:1 и така ги заврши сосема солидните квалификации.

Македонија заврши на втората позиција веднаш зад првопласираната Шпанија, но поради промена на правилата на УЕФА немавме можност да одиме на уште едно младинско ЕВРО. Селекторот Благоја Милевски порача дека треба да бидеме горди на овој резултат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Што да се каже после еден ваков циклус. Момците покажаа дека имаат квалитет и потенцијал, меѓутоа тука има и фактор плус. Штета е што оваа генерација остана барем без плеј-оф за пласман на ЕВРО. Навистина е голема штета, но треба да сме горди на тоа што го одиграа овие момци. Да се освојат 18 бодови во ваква група не е мала работа“.

„Денес одигравме добро и успеавме да се повратиме после оној шок со лажнп позитивните тестови на Ковид-19. Момците денес покажаа дека имаат квалитет, бевме подбар противник“, изјави Милевски по денешниот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …