Дома Македонски спорт Милевски го повика Дориан Бабунски за натпреварите со Ерменија и Исланд!

Милевски го повика Дориан Бабунски за натпреварите со Ерменија и Исланд!

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски испрати дополнителен повик до Дориан Бабунски кој игра во добра форма од почетокот на сезоната во Бугарија во Ботев Варца.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бабунски добива дополнителен повик откако вчера во турското првенство се повреди Адис Јаховиќ и нема да може да одговори на повикот на Милевски за последните два квалификациски натпревари.

Во овој момент Бабунски е втор стрелец во бугарското првенство со шест постигнати гола. На последниот натпревар за Ботев вчера беше стрелец на два гола. Информацијата за повикот ја потврди неговиот клуб.

Македонија на 11. ноември ќе игра во Ереван против Ерменија, додека три дена подоцна ќе го пречекаме Исланд на домашен терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Драмата на Мундијалот беше негов последен натпревар: Најголемата ѕвезда на Сенегал веќе нема да игра за репрезентацијата!

Еден од најистакнатите сенегалски фудбалери во историјата, Садио Мане, наводно донел одлук…