Дома Топ вести Миланско дерби за ѕвездата на Баерн Минхен

Миланско дерби за ѕвездата на Баерн Минхен

Ѕвездата на Баерн Минхен, Томас Милер ова лето може да се пресели во италијанската Серија А, тврди еминентиот „Кикер“.

Баварците ова лето ќе прават голема реконструкција на тимот, па се очекува неколку ѕвезди да заминат од „Алијанц Арената“, а една од нив може да биде и Томас Милер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кикер“ пренесува дека двата милански гиганти Интер и Милан во моментов покажуваат најсилен интерес за 29-годишниот напаѓач.

Весникот тврди дека Милер не е задоволен од својот статус во тимот, особено поради фактот што често беше заменуван оваа сезона.

Поради тоа и самиот сака промена на средината, а е заинтригиран да се пресели во италијанската Серија А.

Таквата ситуација сакаа да ја искористат миланските клубови кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент, но се уште не се започнати вистински преговори.

Милер е дете на Баерн Минхен, а за првиот тим дебитираше во 2009 година и од тогаш е еден од носителите на играта на Баварците.

Неговиот договор со баварскиот гигант истекува во 2021 година, а оваа сезона на 41 меч во сите натпреварувања постигна 9 гола и запиша 14 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сари добил понуда од Шпанија, но ќе го чека Милан?

Oставката на Маурицио Сари кон средината на март беше изненадување за многумина. Сепак, ја…