Дома Трансфер зона Милан ја сака новата холандска ѕвезда

Милан ја сака новата холандска ѕвезда

Италијанскиот гигант Милан е сериозно заинтересиран за 19-годишниот напаѓач на АЗ Алкмаар, Мајрон Боаду, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот холандски напаѓач ги импресионираше сите оваа сезона со своите настапи, па постигна 20 гола и запиша 13 асистенции во 35 одиграни меча оваа сезона.

И покрај младата возраст тој демонстрира огромен потенцијал, па неговата цена секојдневно расте.

Боаду има договор со АЗ Алкмаар до 2023 година, а „росонерите“ веќе започнале преговори со неговиот агент, Мино Раиола.

Милан бара млад напаѓач кој ќе биде алтернатива за Ибрахимовиќ и верува дека Холанѓанецот е идеално решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…