Дома Топ вести Милан тргнува по ѕвездата на Ривер Плата

Милан тргнува по ѕвездата на Ривер Плата

Италијанските и арентинските медиуми пренесуваат дека Милан е во наредни преговори со Ривер Плата за младиот напаѓач, Јулијан Алварез.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот напаѓач блесна веќе втора сезона во дресот на Ривер Плата и е на мета на многу европски гиганти.

Скаути  на Милан го следеле Алварез во живо на мечот со Сан Лорецо, а младиот напаѓач постигна хет-трик, па „росонерите“ веднаш започнале преговори со неговиот агент.

Алварез има договор со аргентинскиот клуб до декември следната година и не планира да го продолжи, а Ривер за неговата слобода бара 25 милиони евра.

Неговиот агент призна дека напаѓачот е спремен за преселба во Европа, а Милан ќе се обиде да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…