Дома Топ вести Милан тргнува по ѕвездата на ПСВ

Милан тргнува по ѕвездата на ПСВ

Како што пренесуваат италијанските медиуми Милан е сериозно заинтересиран за крилниот напаѓач на ПСВ, Стивен Бергвајн.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


20-годишниот Бергвајн е еден од најдобрите фудбалери во холандкото првенство и го привлече вниманието на многу европски гиганти. Минатата сезона постигна 8 гола и запиша 11 асистенции за ПСВ.

Покрај Милан интерес за Бергвајн покажуваат уште Барселона, Тотенхем и Ливерпул, но „росонерите“ се спремни да ја победат конкуренцијата и веќе работат на трансферот.

Гатузо игра во формација 4-3-3 каде во стартниот тим се Чалханоглу и Сусо, а ова лето како алтернатива беше донесен и Кастиљехо. Сепак, Милан сака да донесе уште еден крилен напаѓач, бидејќи не е задоволен од перформансите на Борини.

Бергвајн има договор со ПСВ до 2022 година и неговата цена моментално изнесува околу 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…