Милан веќе започнал преговори за откуп на Брахим Дијаз и Диого Далот, пренесува „Газета дело Спорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Двајцата млади таленти ова лето пристигнаа на „Сан Сиро“ на позајмица од Реал Мадрид односно Манчестер Јунајтед и веднаш го покажаа својот потенцијал.
Брахим Дијаз и Далот добро се вклопија во тимот на „росонерите“, па клубот сака да ги откупи на крајот на сезоната, но проблем е што во договорите нема опција за откуп.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веќе започнал преговори со Реал Мадрид за откуп на Брахим Дијаз, а самиот фудбалер дал согласност.
„Кралевите“ го проценуваат својот фудбалер на 25 милиони евра, но саката да стават бај-бек клаузула во договорот.
Истата сума ја бара и Манчестер Јунајтед за Далот, а медиумите тврдат дека Милан е спремен да плати 50 милиони за двајцата таленти.