Англиските медиуми тврдат дека Цеск Фабрегас најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Серија А и ќе го облече дресот на Милан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фабрегас оваа сезона не добива голема минутажа кај Конте па на крајот на сезоната сигурно ќе ја промени средината, а англиските медиуми тврдат дека Милан е фаворит за неговиот потпис.
„Росонерите“ и минатото лето се обидуваа да го донесат Шпанецот, трансферот не се реализираше, но сепак Фабрегас е поставен како прва трансфер цел за следната сезона.
Милан ова лето ќе има голем буџет за трансфери и сака да го засили тимот на сите позиции, а како приоритет за средниот ред е токму Фабрегас за кого се спремни да понудат 30 милиони евра.