Италијанскиот шампион Милан веќе подолго време е заинтересиран за Хаким Зијех, но трансферот најверојатно нема да се реализира.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Зијех беше прва желба на „росонерите“ во текот на летниот преоден рок, но „росонерите“ се одличија да го купат Де Кетеларе за 35 милиони евра.
По добрите настапи на Мундијалот, Милан повторно стапил во контакт со неговиот агент и сака да го доведе на „Сан Сиро“ во јануари.
Меѓутоа, „Газета дело Спорт“ пренесува дека трансферот тешко ќе се реализира, а позната е и причината.
Имено, Мароканецот бара плата од 8 милиони евра по сезона, сума која Милан не може да си ја дозволи, па се откажал од негов ангажман.