Дома Топ вести Милан се договори со ѕвездата на Тотенхем

Милан се договори со ѕвездата на Тотенхем

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е блиску до договор со играчот на Тотенхем, Ерик Ламела.

Приоритет на „росонерите“ во летниот преоден рок ќе биде засилување за десната крилна позиција бидејќи Кастиљехо најверојатно ќе го напушти клубот.

Прв на листата желби на тренерот Пиоли е Ерик Ламела, а Милан веќе започнал преговори со неговиот агент.

28-годишниот Аргентинец не добива голема минутажа, па и самиот е спремен да ја промени средината. Тој на лето влегува во последната година од договорот, а Милан сака да ја искористи таквата ситуација.

Ламела има искуство во Серија А каде со успех го носеше дресот на Рома, а „росонерите“ се спремни да понудат 15 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…