Милан беше еден од најактивните клубови на трансфер пазарот и „росонерите“ донесоа три засилувања во зимскиот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, раководството на „росонерите“ веќе работи на засилувања за следната сезона и „Кориере дело Спорт“ пренесува дека веќе се започнати преговори со тројца фудбалери.
Станува збор за ѕвездата на Марсеј, Флоријан Таувин, кој на лето ќе биде слободен агент. Наводно Французинот веќе постигнал договор со Милан и на лето ќе пристигне како слободен агент на „Сан Сиро“.
Милан е заинтересиран и за офанзивниот играч за врска на Порто, Отавио, кој исто така на лето ќе биде слободен агент.
„Скај Италија“ пренесува дека Милан веќе стапил во конаткт со неговиот агент и испратил понуда за четиригодишен договор тежок 1,5 милиони евра по сезона, па сака да ја победи конкуренцијата.
Третиот играч на листата е левиот бек на Палмеирас, Матијас Виња. Уругваецот беше еден од најдобрите играчи во Копа Либертадорес и Милан спремил понуда од 8 милиони евра.
Il #Milan esagera: #Thauvin, Otavio e Viña https://t.co/4AVmrXXDN2
— Corriere dello Sport (@CorSport) February 3, 2021