Италијанските медиуми објавија дека управата на Милан размислува за можноста во јануари да го доведе Стефан Савиќ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Росонерите“ поради повредата која ја заработи Матија Калдара имаат проблем во последната линија и потребна им е замена, а на „Сан Сиро“, како што пренесуваат италијанските медиуми би можел да пристигне токму Савиќ.
Наводно 27-годишниот црногорски стопер најпрво би стигнал на позајмица со опција на откуп на договорот до крајот на сезоната, а доколку дојде до тоа, за Савиќ тоа ќе значи и враќање во Серија А.
На листата на Леонардо како можни решенија се наоѓаат и Родриго Саио од Сао Паоло и игачот на ПСЖ, Тиаго Силва кој за Милан имаше прилика да игра во периодот од 2009. до 2012. година.