Дома Трансфер зона Милан победи во трката – Колошинац се сели на Сан Сиро!

Милан победи во трката – Колошинац се сели на Сан Сиро!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан победил во траката за играчот на Шалке, Сеад Колошинац и го обезбедил потписот на италијанскиот репрезентативец.

23-годишниот Колошинац е еден од најдобрите бекови во Бундес лигата оваа сезона и за него силен интерес покажаа неколку европски гиганти, меѓу кои Јувентус, Манчестер Сити, Арсенал…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неговиот договор со Шалке истекува на крајот на сезоната, па Колошинац ќе биде слободен агент, што го прави уште поатрактивен за европските гиганти.

Последните информации од италијанските медиуми говорат дека Милан ја победил конкуренцијата и постигнал договор со босанскиот репрезентативец кој може да игра и како лев бек и како играч за врска.

Имено, Колошинац на крајот на сезоната ќе се пресели на „Сан Сиро“ и ќе потпише четиригодишен договор со „росонерите“ според кој ќе заработува 2 милиони евра по сезона.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Колошинац и Мусакио ќе бидат првите засилувања за следната сезона и со тоа „росонерите“ значително ќе ја засилат одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…