Милан во летниот преоден рок не успеа да доведе дефанзивец, па тоа ќе биде приоритет за „росонерите“ во јануари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Спортмедиасет“ пренесува дека главна мета за Милан и понатаму останува дефанзивецот на Шалке, Озан Кабак.
Милан веќе постигна договор со агентите на турскиот репрезентативец, но не успеа да се договори со Шалке околу обештетувањето.
„Росонерите“ понудија 20 милиони евра со бонуси, а Шалке не сакаше да попушти и бараше најмалку 25 милиони евра за својот играч.
Контактите помеѓу двата клуба продолжуваат и понатаму, па се очекува во јануари Кабак сигурно да го засили миланскиот гигант.