Дома Трансфер зона Милан и Јувентус во битка за ѕвездата на Реал Мадрид

Милан и Јувентус во битка за ѕвездата на Реал Мадрид

Италијанските и шпански медиуми пренесуваат дека Милан и Јувентус се сериозно заинтересирани за играчот на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ковачиќ подолго време беше надвор од тимот поради повреда, но јасно е дека за него нема многу простор за игра покрај Касемиро, Крос и Модриќ.

„Дон Балон“ пренесува дека Хрватот сака да ја промени средината уште во зимскиот преоден рок бидејќи му е потребна поголема минутажа пред Светското првенство следното лето.

Најсилен интерес за неговиот потпис во моментов покажуваат италијанските гиганти Милан и Јувентус, кои сакаат да ја искористат ситуацијата и да го вратат плејмејкерот во Серија А.

Не е исклучена можноста италијанските клубови да понудат 6-месечна позајмица со можност на откуп на крајот на сезоната, а медиумите тврдат дека „кралевите“ за неговата слобода ќе бараат најмалку 45 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…