Дома Трансфер зона Милан и Рома се „тепаат“ за играч на Манчестер Јунајтед

Милан и Рома се „тепаат“ за играч на Манчестер Јунајтед

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан испратил понуда за десниот бек на Манчестер Јунајтед, Диого Далот.

Далот пристигна на „Олд Трафорд“ од Порто пред две години, но не успеа да се наметне во првиот тим, па Манчестер Јунајтед е спремен да го продаде.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Росонерите“ сакаат да ја искористат таквата ситуација бидејќи се во потрага по десен бек, па испратиле понуда за Португалецот.

Милан го сака Далот на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето, но „црвените ѓаволи“ инсистираат да го продадат на перманентна основа.

Интерес за десниот бек покажува и Рома, која исто така преговара со Манчестер Јунајтед, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …