Дома Трансфер зона Милан договори две засилувања и направи „страшна“ одбрана!

Милан договори две засилувања и направи „страшна“ одбрана!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веќе договорил два трансфери за следната сезона и значително ја засилил одбраната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новините инвеститори се спремни да потрошат значителна сума пари за да го засилат тимот, а како приоритет беше одредена одбраната, па Милан веќе договори еден стопер и еден лев бек.

Станува збор за Сеад Колошинац од Шалке, кој оваа сезона се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во Бундес лигата. За него интерес покажаа Челзи, Јувентус и Сити, но тој се одлучи за преселба на „Сан Сиро“ каде ќе пристигне како слободен агент.

Второто засилување е дефанзивецот на Виљареал, Матео Мусакио за кого „росонерите“ се инетресираа уште минатото лето.

Аргентинецот одби да го продолжи договорот со шпанскиот клуб и сака преселба во Милан, а двата клуба наводно го договориле трансферот за 18 милиони евра.

Другата цел на новото раководство е да ги продолжи договорите на Џиџи Донарума и Матија де Шиљо, па одбраната на Милан следната година би требало да изгледа вака:

Донарума на голот, Де Шиљо десен бек, во центарот Мусакио –Ромањоли и Колошинац како лев бек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…