Милан покажува сериозен интерес за корејскиот дефанзивец Ким Мин од Баерн Минхен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ким Мин пристигна од Наполи за 50 милиони евра како најдобар дефанзивец во Серија А и на почетокот играше солидно.
Меѓутоа, во последно време го загуби местото во стартниот тим, а и не е среќен во Бундеслигата и сака да се врати во Серија А.
Таквата ситуација е спремен да ја искористи Милан, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент. „Росонерите“ се спремни да понудат 40 милиони евра за неговиот потпис.
Компани дал зелено светло за продажба и наскоро двата клуба ќе почнат преговори.