Дома Трансфер зона Милан бара замена за Де Шиљо – ова се имињата!

Милан бара замена за Де Шиљо – ова се имињата!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Де Шиљо на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти Милан, па раководството веќе работи на негова замена.

Де Шиљо е „дете на Милан“ но во последно време влезе во конфликт со фановите и донесе одлука да не го продолжува договорот кој му истекува следната година и сака да ја промени средината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Раководството на „росонерите“ ќе се обиде да го убеди италијанскиот репрезентативец да остане на „Сан Сиро“, но доколку не го продолжи договорот сигурно ќе биде продаден на лето.

Италијанските медиуми пренесуваат дека новото раководство на Милан веќе бара замена за Де Шиљо и на листата се наоѓаат две имиња – Матео Дармијан од Манчестер Јунајтед и Хуан Бернат од Баерн Минхен.

Дармијан исто така потекнува од школата на Милан и моментално не добива голема минутажа во Манчестер Јунајтед, па е спремен да се врати во Серија А.

Тренерот Монтела го сака Бернат кој во Баерн Минхен е замена за Давид Алаба и е спремен ова лето да ја промени средината, па Милан сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …