Дома Фудбал Лига на шампиони Меси ќе добие шанса во второто полувреме во Дортмунд

Меси ќе добие шанса во второто полувреме во Дортмунд

Капитенот на Барселона, Лионел Меси вечерва од клупата за резерви ќе го започне мечот против Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони.

Меси се повреди на 5-ти август и од тогаш се рехабилитира од повредата, па оваа сезона се уште нема запишано ниту еден настап.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако во изминатите два дена тренираше со остатокот од тимот, тренерот Валверде реши да го повика за дуелот со Борусија Дортмунд, но нема да го стави во стартниот состав.

Шпанските медиуми утрово објавија дека составот на Барселона е веќе познат и дека промени можат да се случат само ако Валверде направи некое изненадување.

Доколку се биде како што треба, се очекува Меси да влезе во второто полувреме и да одигра половина час.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…