Фудбалерите на Барселона вечерва играат на гости против Борусија Дортмунд во рамките од првото коло во групната фаза од Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Каталонскиот клуб и во оваа сезона влегува како еден од фаворитите за освојување на титулата шампион на Европа. Во претходните две сезони Барселона доживуваше шокантни елиминации од Рома и Ливерпула.
Оваа сезона во најелитното европско натпреварување Каталонците ќе ја отворат со натпреварот на гостински терен против Борусија Дортмунд. Се сретнуваат тимови кои постигнуваат голови и поради тоа веруваме не очекува спектакуларна пресметка.
Лионел Меси се опорави од повредата и се најде во составот за вечерашниот натпревар меѓутоа тешко е да се очекува дека Аргентинецот ќе го видиме во стартниот тим.

Исто така на клупата би требало да остане и 16 годишниот Ансу Фати кои со своите настпаи ги воодушеви навивачите. Доби шанса бидејќи Валверде имаше огромни проблеми со повредите и тоа го искористи на најдобар начин. Сепак, откако Луис Суарез се врати се очекува Фати да остане на клупата.
Шпанските медиуми утрово објавија дека составот на Барселона е веќе познат и дека промени можат да се случат само ако Валверде направи некое изненадување.
Веројатен состав на Барселона: Тер Штеген, Семедо, Пике, Ленглет, Жорди Алба, Бускетс, Де Јонг, Артур, Перез, Гризман, Суарез.