Платата на Лионел Меси е премногу висока со оглед на финансиската ситуација во клубот, изјави кандидатот за претседател на Барселона, Емили Росад.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меси сакаше да ја напушти Барселона ова лето и неговиот договор истекува на крајот на сезоната, па може да си замине без обештетување.
Росад тврди дека сака да го задржи Меси, но Аргентинецот уште во јануари може да преговара со други клубови.
„Во сегашната ситуација платата на Меси е премногу висока.Треба да постигнеме договор со него. Ќе му предложиме атрактивен проект, најважно е да имаме план за спортски развој на клубот. Парите не беа проблем кога Меси изјави дека сака да замине“, истакна Росад.
„Меси ја зема најголемата плата на светот и не сака да си оди бидејќи не е задоволен од платата. Тој сака да игра во конкурентен тим и да освојува трофеи“.