Дома Фудбал Меси е голем играч, Баерн е голем клуб: Аргентинецот има свое катче на „Алијанц Арената“ (ФОТО)

Меси е голем играч, Баерн е голем клуб: Аргентинецот има свое катче на „Алијанц Арената“ (ФОТО)

Баерн Минхен сигурно е еден од најголемите клубови во светот со десетици милиони навивачи ширум светот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гигантот од Минхен секогаш бил дел од европскиот „крем“, а колку овој клуб е голем докажа со она што го направија за ѕвездата на Барселона, Лионел Меси.

За Аргентинецот на „Алијанц Арената“ има резервирано посебно катче, во кое се сместени дресот, Златната копачка и Златната топка со потпис од Аргентинецот.

Тука е и писмото на Сандро Росел, поранешниот претседател на Барселона кое го посвети на легендата на Баерн, Герд Милер, поради рекордот од 85 голови во една календарска години кој го сруши Меси во 2012 со 91 постигнат гол.

„Признание за играч и човек каков што е Герд Милер. Нашиот клуб има почит кон Баерн и навивачите на овој клуб и тоа е уште еднаш потврдено во однос на нашите двајца големи играчи кои станаа легенди на нашите клубови“, пишува во писмото кое стои покрај дресот на Меси.

Исто така во чест на Милер, Меси го потпиша дресот.

„За Герд Милер. Ја имате мојата почит. Прегратка. Лео“.

messi

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тухел одржал говор на полувремето: Откри што има кажал фудбалерите и како ја променил играта (Видео)

Фудбалерите на Англија со извонредна игра во второто полувреме ја совладаа Хрватска со рез…