Дома Фудбал Меси дивееше на теренот. Погледнете го ударот со лактот и фаќањето на противникот за врат

Меси дивееше на теренот. Погледнете го ударот со лактот и фаќањето на противникот за врат

Фудбалерите на Аргентина го претрпеа првиот пораз во квалификациите за Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тие беа поразени од Уругвај со 2:0 во Буенос Аирес, со што на актуелниот светски првак му го нанесоа првиот пораз по групната фаза на Светското првенство што се одржа во Катар, каде што ја освоија титулата.

Натпреварот го одбележа и конфликт меѓу играчите.

Матијас Оливера започна расправија со Родриго Де Паул и се изгледаше дека ќе остане на навреди и нема да прерасне во физички конфликт.

Можеби така и ќе останеше доколку во тој момент не дојде Лионел Меси, кој притрча до Оливера, го удри со лакт, а потоа накратко го фати за врат со левата рака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн оптимистичен: Имам големи шанси да ја освојам Златната топка и СП

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Св…