Дрис Мертенес би можел да биде ѕвезда на летниот преоден рок бидјеќи изразил желба да го напушти Наполи, пренесуваат италијанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Мертенс оваа сезона покажа дека е еден од најдобрите фудбалери во Серија А, па Наполи би можел следното лето да остане без Белгиецот.
Имено, Мертенс одбил да го продолжи договорот со Наполи бидејќи има понуди од финансиски посилни клубови.
Договорот на крилниот напаѓач истекува следното лето, па поради тоа Наполи ќе мора да го продаде доколку сака да заработи на неговото заминување.
Најсилен интерес за Мертенс покажува Интер кој веќе стапил во контакт со неговиот менаџер и е спремен да плати 40 милиони евра за да го донесе на „Џезепе Меаца“.