Дома Фудбал Англија Мерсон: Ако Мурињо славеше како Клоп ќе добиеше 25 натпревари суспензија

Мерсон: Ако Мурињо славеше како Клоп ќе добиеше 25 натпревари суспензија

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше казнет со 8.000 фунти поради претераното славје после голот на Дивок Ориги во неделата против Евертон.

Ако се знае колку се платени тренерите на Островот јасно е дека ова е симболична казна и дека нема премногу да го загрижи Клоп.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Не сакав тоа да го направам, но емоциите ме понесоа. Ќе ја платам казната, признавам дека погрешив. Но, сето тоа е дел од фудбалот, мислам дека никој не смета дека направив некој голем грев. Дури ни судијата не забележа дека сум на теренот. Во ред, ќе ја платам казната, се извинувам и одиме понатаму“, изјави денес Клоп.

Свој коментар на казната на Клоп даде и Пол Мерсон, поранешниот играч кој сега работи како стручен коментатор на „Скај“.

„Доколку Мурињо направеше такво нешто ќе беше казнет со 25 натпревари“, изјави Мерсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн Минхен и Милан се „тепаат“ за потписот на Де Зерби

Неколку европски гиганти покажуваат силен интерес за италијанскиот тренер Роберт де Зерби.…