Дома Фудбал Останато Мекгрегор размислува да го купи Манчестер Јунајтед!?

Мекгрегор размислува да го купи Манчестер Јунајтед!?

Откако Ед Вудворд одлучи да се повлече од Манчестер Јунајтед после пропаѓањето на проектот со Суперлигата се појави информација дека семејството Глејзер се спрема да го продаде клубот.

Познатиот УФЦ борец Конор Мекгрегор набрзо по тие информации излезе со изненадувачка објава на социјалните мрежи.

Мекгрегор без знаци дека се шегува објави дека размислува да го купи Манчестер Јунајтед и ги праша фановите што мислат за таа идеја.

Засега нема повеќе информации, прво дали Глејзер го продава клубот, а после дали Конор е навистина сериозен во намерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Флик даде „зелено светло“: Барселона носи играч кој никој не го очекуваше во дресот на овој клуб

Ханси Флик донесе одлука која ќе ги изненади сите навивачи на Барселона, a станува збор за…