Дома Трансфер зона Медиумите го селат, а тој тврди: Останувам во Реал Мадрид!

Медиумите го селат, а тој тврди: Останувам во Реал Мадрид!

Иднината на плејмејкерот на Реал Мадрид, Иско е главна тема во медиумите веќе неколку месеци, особено поради фактот што одби да го продолжи договорот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иско оваа сезона добива мала минутажа кај тренерот Зидан, притоа сеуште нема ставено потпис на нов договор, а сето тоа беше одлична причина медиумите да почнат да шпекулираат со неговата иднина.

Сепак, шпанскиот репрезентативец тврди дека е среќен во Реал Мадрид и сака да остане на „Сантиаго Баернабеу“.

„Јас сум смирен. Единствено за што размислувам е на најдобар можен начин да ги искористам минутите што ќе ги добијам од тренерот Зидан. Среќен сум во Реал Мадрид и сакам да останам уште многу години. Мислам дека на крајот од сезоната заеднички со раководството и со стручниот штаб ќе ја донесеме одлуката за продолжување на соработката“, изјави Иско.

Договорот на Иско истекува во 2018 година, па доколку до крајот на сезоната не го продолжи договорот тогаш „кралевите“ ќе бидат приморани да го продадат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…